Што е Forex?
Fx - Forex Trading е размената на една валута за друга по дадена цена (девизен курс) во било кој прецизен момент.
Тргувањето се врши преку Тргувачки Платформи кои покажуваат моментални цени и графикони на кои се прикажани како сегашни така и минати движења на цената на валутите.
FX пазарот има дневен волумен на купувачи и продавачи како никој друг пазар на светот.
„Вести“ и „Економскиот календар“ се главните извори за информации кои влијаат на движењата на пазарот.
Колку голем е Forex?
FX пазарот е најголемиот пазар на пари во светот со секојдневна размена на 3трилиони американски долари помеѓу купувачите и продавачите, со што претставува највозбудливиот и најликвидниот пазар за тргување.
Зошто е ова важно?
Дневниот обрт на светските валути доаѓа од два извора:
Интернационална размена (5%)
Компаниите продаваат и купуваат продукти во странски држави, плус реализираат профит од надворешната трговија во домашната валута.
Шпекулација за профит (95%)
Зачудувачки 95% од целиот FX волумен на тргување секој ден, е само со една единствена цел, оставрувањето профит.
Кои се предностите на тргувањето Forex?
Има повеќе предности од Forex Тргувањето. Ви набројуваме неколку причини зошто толку многу луѓе тргуваат Forex, и зошто Forex пазарот се повеќе и повеќе расте...
Без скриени трошоци – Во Forex нема трикови или скриени трошоци за кои Вие не сте претходно известени. Секој валутен пар има разлика т.е spread која што е компензација за услугите на брокерот. Движењето на spreads е минимално од 0,5 – 5,0 ( која што е најдобрата понуда на пазарот)
24 – часовен пазар – на Forex пазарот можете да тргувате кога и колку сакате. Од недела навечер до петок навечер по GMT, Forex пазарот е постојано отворен за тргувачи да можат да тргуваат како/каде/кога сакаат.
Forex Учесници – Forex пазарот е толку безграничен и има толку многу учесници, што еден единствен учесник не може да има моќ врз пазарната вредност на било која размена на подолг временски период.
Пазарна ликвидност – Со тоа што Forex пазарот е толку голем и толку многу пари поминуваат низ него, неговата ликвидност е огромна. Толку големата ликвидност на Forex пазарот, значи дека со еден клик на mouse-от вие инстантно тргувате (купувате или продавате) во било кое време без никаков проблем. Ликвидноста на пазарот исто така ја дозволува и употребата на алатките “Stop Losses” “Take Profit” без никакви главоболки.
Демо Профил – 100 000$ ви се на располагање на Демо профилот од FxCoffee, давајќи ви голема шанса да ги развиете Вашите вештини на Forex пазарот пред да почнете да тргувате на Реалниот профил. Демо профилот им овозможува на тргувачите да тргуваат со фиктивни средства, на реалниот пазар со сите негови услови.
Мали трансакциски трошоци – Трошоците за тргување се минимални и Ви се одбиени автоматски откога ќе почнете да купувате/продавате за да успеете.
Профитирање од Подемите и Падовите на пазарите – За разлика од традициналната тргувачка методологија, во FX не мора да чекате пазарот да се поправи за да да можете да дејствувате.
Дали вистински продавам или купувам валути кога тргувам?
Не. Forex тргувањето користи Leverage (во превод: моќност, сила на подигање) за да тргувате. Со тоа добивате можност да тргувате голем волумен на валута но без потреба од голем депозит. Секој LOT е еднаков на различна вредност од валутата која што се тргува.
Кога е локалното време за тргување на Forex?
Тргувањето е 24/5, што значи дека секогаш можете да тргувате, доколку имате интернет конекција.
|
Trading Hours |
Open (EST) |
Close (EST) | Open (GMT) | Close (GMT) |
|
Tokyo |
7pm |
4am |
12midnight |
9am |
| London |
3am |
12noon |
8am | 5pm |
|
New York |
8am |
5pm | 1pm |
10pm |
|
Sydney |
5pm |
2am |
10pm |
7am |
Како можам да почнам?
Да почнете е многу лесно, регистрирајте се на FxCoffee со тоа што ќе ги пополните потребните детали и веднаш ќе добиете пристап.
Ако сте во близина на некој од нашите промотивни локали, поминете и ќе го запознаете Forex со некој од нашите експерти.
Регистрирајте за Бесплатен Демо профил преку FxCoffee, и започнете ја Вашата Forex иднина денес!
Кои документи ми се потребни за да отворам сметка?
FxCoffee единствено функционира со целосно лиценциран и регулиран Европски брокер. Брокерите бараат валидна документација за секоја online апликација. Без овие документи можете да искусите задоцнувања во административните постапки, како на пр. Повлекување на средства.
FxCoffee тимот ќе може да Ви помогне со сите барања и да посредува лично со брокерот за време на процесот.
- Идентификација
ЕУ Државјани: Валидна копија на лична карта/ пасош
Non – ЕУ Државјани: Валидна копија од пасош
Во некои држави може да има алтернативни прифатливи форми на идентификација, ако не сте сигурни, Ве молиме контактирајте не.
2. Доказ за адреса на живеење:
Неодамнешна сметка за јавни услуги, не постара од шест месеци, сметка за данок, извештај од банка или кредитна картичка.
Напомена: Електронски извештаии не се валидни, пр. Електронски банкарски извештај.
Како можам да праќате и примате пари
![]() |
![]() |
![]() |
![]() |
![]() |
![]() |
Дали се сигурни моите средства?
Вие ги предавате Вашите средства на целосно правно-регулиран Европски Брокер кој Ви нуди многу осигурувања и овластувања на Вас како негов почитуван клиент.
Компанијата е членка на Investor Compensation Fund кој што му пружи на клиентот екстра сигурност за добивање компензација од Фондот, во случај на поплаки кон неисправност на компанијата, без разлика дали тоа е последица на легислативата , договорите или лошо работење.
Типови на наредби за тргување
Тргувачките платформи ви овозможуваат да можете да испраќате наредби за извршување. Уште повеќе, платформите ви дозволуваат да можете да контролирате и менаџирате отворени позиции. За овие цели, има неколку типа на тргувачки наредби кои што се користат на патформата : Market order, Pending order, Stop Loss и Take Profit.
Market Order – е обврска да се купи или продаде по моменталната цена. Извршувањето на ова наредба резултира со отварање на тргувачка позиција моментално. Валутите се купуваат на Ask цената, а се продаваат на Bid цената. Наредбите Stop Loss Take Profit кои што се опишани подолу можат да бидат додадени на Market Order . Market Order е повеќе позната како Instant Execution (инстанта егзекуција).
Pending Order – Pending order (наредба на чекање) е наредба кога тргувачот може да купува или продава по претходно дефинирана цена во иднина. Овој тип на наредба се користи за отварање на тргувачка позиција кога вредноста ќе ја достигне претходно дефинираната цена. Има четири видови на pending order кои што се достапни на овој терминал:
Buy Limit – куповниот лимит овозможува да се купува кога идната ASK вредност ќе биде еднаква со пре-дефинираната цена. Моменталното ниво на цената е повисоко од цената на наредбата. Наредби како овие се поставуваат кога се верува дека цената која паѓала до одредено ниво ќе почне да расте повторно.
Buy Stop – куповен стоп овозможува да се купува кога идната ASK вредност ќе биде еднкава со пре-дефинираната цена. Моменаталното ниво на цената е пониско од цената на наредбата. Наредби како овие се поставуваат кога се верува дека цената која достигнала до некое ниво, ќе продолжи да оди нагоре.
Sell Limit – продажен лимит овозможува да се продава кога идната BID вредност ќе биде еднкава со пре-дефинираната цена. Моменталното ниво на цената е пониско од цената на наредбата. Наредби како овие се поставуваат кога се верува дека цената која растела до одредено ниво, ќе почне да паѓа.
Sell Stop – продажен стоп овозможува да се продава кога идната BID вредност ќе биде еднаква со пре-дефинираната цена. Моменталното ниво на цената е повисоко од цената на наредбата. Наредби како овие се поставуваат кога се верува дека цената која достигнала до одредено ниво, ќе продолжи да паѓа.
Наредбите „Стопирај Губиток“ и „Земи Профит“ односно Stop Loss и Take Profit можат да бидат прикачени на pending orders. Откако Pending orders ќе се активира Stop Loss и Take Profit ќе бидат прикачени на отворената позиција автоматски.
Stop Loss – Оваа наредба се користи за да го минимизира губитокот од вредноста која почнала да се движи во непрофитабилна насока. Кога цената ќе достигне до нивото на Stop Loss позицијата ќе биде автоматски затворена. Ова наредба е прикачена на отворена позиција или е поставена на наредба на чекање. MT4 платформата ги чекира долгите позиции со BID цената, а кратките позиции со ASK.
Take Profit – Take Profit наредбата е да се земе профитот кога цената достигнала одредено ниво. Извршувањето на ваквата наредба резултира со затварање на позицијата. Секогаш е прикачена на отворена позиција или е поставена на наредба за чекање. МТ4 платформата секогаш ги чекира долгите позиции со BID цената, а кратките со ASK.
Внимание: Stop Loss Take Profit наредбите можат да бидат извршени само на отворена на позиција, додека на pending order и тие се на чекање додека позицијата не се отвори.
Историските дијаграми ја покажуваат само BID вредноста на платформата, поради тоа само дел од наредбите ја покажуваат линијата на ASK вредноста. Ако сакте да се прикаже најновиот бар на ASK цената, треба да го селектирате “Show Ask Line” во терминалните нагодувања.
Како да ги анализирате пазарите.
Потпора и отпорност:
Кога пазарот се движи нагоре и потоа се враќа назад, највисоката точка која што ја достигнал пред да почне да паѓа претставува отпорност. Кога пазарот продолжува да оди нагоре повторно, најниската точка која што ја достигнал додека паѓал е всушност потпората. На овој начин потпората и отпорноста континуитетно се формираат како што пазарот осцилира.
Тренд(тенденција) линија:
Линија со нагорна тенденција е претставена од дното на лесно препознатлива потпорна околина (долина). Во тенденција на опаѓање, тренд линијата е нацртана од врвот на препознатливата отпорна околина (врв).
Канали:
Додадете паралелна линија од највисокиот до најнискиот тренд индикатор така што секоја тренд насока ќе биде составена од две линии односно канал. Кога цените ќе го достигнат дното на тренд линијата, тоа место може да биде корисно како простор за купување. Кога цените ќе го достигнат врвот на тренд линијата тоа претставува област за продавање.
Технички анализи
Техничките анализи се предвидувања за движењата на вредноста на одредена валута, единствено од гледање на пазарно-генерирани податоци претставени на графиконите на платформата.
Движењето на вредноста на одредена е валута е најчесто анализираниот податок, иако многумина исто така би ги земале во предвид и новите вести (информации) и некои други фактори.
Техничките анализи сметаат дека пазарните принципи се дел од пазарните податоци.
Технички тргувач ќе бара шеми и трендови во дата-табелите и како тие шеми можат да бидат искористени за идни предвидувања на цените, за да ги употреби подемите и падовите на трендот кој што следува.
Фундаментални анализи
Фундаментални анализи:
Фундаменталните анализи се поглед кон пазарот од агол на потрошувачката и побарувачката, фокусирајќи се на силите кои што ги движат ( социјални, економски и политички фактори)
Валутата е оценка колку добро една економија функционира. Силната економија резултира со цврста валута и (vice versa) обратно на тоа која валута е слаба?
Ефекти:
Ефект на каматна стапка: Кога каматните стапки на државата се покачуваат и цврстината на таа валута исто се покачува.
Ефектот на златото: Обратнопропорционалноста помеѓу цената на златото и американскиот долар, т.е кога цената на златото се покачува доларот паѓа, кога цената се намалува, доларот се качува. Оваа обратнопропорционална врска е последица на тоа што златото претставува цврст сигурен артикал. Ако има некоја нстабилност на друга стока или пак валута, цената на побаруваното злато ќе расте,затоа што тој претставува силен продукт во време на нестабиност.
Ефектот на нафта: Како што цената на нафтата се покачува, цената на валутата на држава-зависник од нафта, најверојатно ќе паѓа, како резултат на сензитивноста на државниот пазар кон нафтата. (пр. Пазарот на САД)
Економски индикатори:
Најголемите економски индикатори се: Бруто Домашниот производ (БДП), Индустриското производство, Индексот на побарувачка на менаџери (PMI), Индексот на цените на произведувачите (PPI), Индексот на цените на потрошувачите (CPI), трајни добра, Индексот на трошоци за вработување (ECI), Малопродажбата, Бројот на новоградби.
Пример: Ако пазарот на американскиот долар не се движи и ја држи мирно својата позиција, но има очекување на нови економски податоци кои ќе се објават на крајот од неделата, како на пр. БДП, во тој случај може да има позитивни ефекти на пазарот и вредноста на валутата да оди нагоре (кога БДП е и подобар од предвиденото), но може да има и негативни ефекти и вредноста да опадне (во случај ако БДП е полошо од очекуваното).
Што се PIPS?
Pip е термин што се користи на Forex пазарот за да го покаже најмалото движење кое девизниот курс може да го направи.
Pip-от служи за мерење профит или губиток и има одредена вредност за секој валутен пар.

На пример: BID и ASK цените погоре се 1,01014 и 1,01054 кои што прават (spread) разлика = 0,00040, односно 40 поени или 4 Pips.
Преглед 1pip = 0.0001за EUR/USD или 0.01 за USD/JPY
Што се Lots?
Lot е стандардна единица која што се користи за да се измери волуменот на трансакцијата. Типично еден стандарден Lot е еднаков на 100,000 единици од основната валута или 10,000 единици ако е мини.
Standard Lot
Тргувањето со Standard Lot величината (1,0) значи дека тргувате 100,000 единици од основната валута. Пр. Pip вредноста е 10$ за EUR/USD.
Mini Lot
Тргувањето со Mini Lot величината (0,1) значи дека тргувате 10,000 единици од основната валута. Пр. Pip Вредноста е 1$ за EUR/USD.
Купување и продавање – Понуда/Побарувачка Долго/Кратко
Основата валута е првата валута која е покажана во парот. (пр. GPB/USD, GBP е основната валута).
Bid односно понуда е вредноста по која можете да ја продавате основната валута (во исто време ја купувате опозитната валута).
Ask односно побарувачка е вредноста по која можете да ја купувате основната валута (во исто време ја продавате опозитната валута).
Spread е разликата помеѓу Bid цената и Ask цената.
Да се биде „Долг“ е кога очекувате да направите профит ако вредноста на валутата ќе се качува (т.е купувате кога вредноста е ниска, кога ќе почне да расте, почнувате да продавате).
Да се биде „Краток“ е кога очекувате да направите профит ако вредноста на валутата ќе паѓа (т.е Продавате кога цената е висока и како што ќе почне да паѓа, вие ќе почнете да продавате)
Ако квотата на валуата оди повисоко, тоа ја покачува вредноста на основната валута. Ниската квота значи дека вредноста на основната валута слабее.
Читање (толкување) на табелите
БАР ДИЈАГРАМ (Дијаграм со пруги)
Ги покажува цените за отварање и затварање како и подемите и падовите во тој временски период ( еден бар е еден временски период, минута, час, ден итн. )
Дното на вертикалниот бар ја покажува најниската тргувачка цена во тој временски период, додека врвот на барот ја покажува највисоката платена цена.
Значи, вертикалниот бар го покажува тргувањето на валутниот пар како целост.
Хоризонталната линија од левата страна од бар-от ја покажува почетната цена (односно цената со која е отворена позицијата), а од десната страна е завршната цена, (односно цената со која е затворена позицијата).


Macedonian
English
Greek 




